Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања

 


 


Приватност и правна изјава

Секоја информација што ја испраќате на Бајрон Кејти Интернешенел Инц., и сите информации собрани на оваа веб-страница се чуваат во строга доверливост и нема да бидат продадени, пренаменети, изнајмени, позајмени или објавени на друг начин.

Подетално објаснение во врска со заштитата на вашите лични податоци е опишано подолу. Доколку имате некакво прашање, ве молиме не воздржувајте се да ни се јавите.

Ние не собираме никакви лични податоци од корисниците кои ја разгледуваат нашата веб-страница. Корисниците, веб-страницата ја разгледуваат анонимно. Ние ги анализираме дневниците на веб-страницата за да направиме преглед на податоци – како што е бројот на посетите по страница – и овие податоци ги користиме за да ја подобриме вредноста на материјалите достапни на нашата веб-страница. Исто така ги собираме информациите доброволно дадени од страна на нашите регистрирани корисници, во одредени заштитени регистрации или претплатнички делови на веб-страницата како и во интернет-продавницата. Овие податоци се користат исклучиво за интерни цели. Институтот за Работата има свои сопствени сетови на барања за приватноста. Доколку одлучите да се приклучите на оваа заедница, ја прифаќате одговорноста за вашите податоци за профилот.

Нашите дневници на веб-страницата не служат за лична идентификација и ние не правиме никаков напор дневниците да ги поврземе со поединците кои навистина ја разгледуваат веб-страницата. Ние исто така ја следиме употребата на содржината и прометот на веб-страницата со помош на "колачиња" кои се опција во прелистувачот на интернетот. Колачињата не собираат никакви лични податоци. Oвие софтверски ознаки регистрираат информации како што се корисничкиот тип на прелистувачот и специфичните делови кои корисникот ги посетил додека се наоѓал на нашата веб-страница. Колачињата не ни кажуваат кој сте вие, вашата и-мејл адреса или било што лично. Вие можете, со помош на вашиот интернет прелистувач, да изберете да не ги прифатите колачињата. Доколку изберете да не ги прифатите колачињата, може да се случи да не бидете во состојба да ги посетите сите делови од нашата веб-страница.

Некои делови од нашатата веб-страница се заштитени со лозинка. Во други специфични делови, на кои можеби се наоѓаат бесплатните преземања, билтенот или други понуди, можеме да побараме да ни доставите основни податоци пред да ви дозволиме пристап до тој дел. Ако изберете да не се пријавите и да не ја доставите оваа информација, вие сеуште ќе можете да го користите поголемиот дел од веб-сајтот. Вие, меѓутоа, ќе немате пристап до деловите за кои е потребна регистрација.

Ве молиме забележете дека тоа што ќе го објавите на byronkatie.com не е заштитено. Освен тоа, оваа веб-страница може да содржи линкови за други веб-страници. Ние не сме одговорни за начелата на приватноста или за содржината на таквите веб-страници.

Приватноста на нашите и-мејл листи
Ние одржуваме неколку и-мејл листи за да ги информираме заинтересираните странки за Бајрон Кејти, нејзините средби, производи и друго. Поединците мораат доброволно да побараат да се придружат на нашите и-мејл листи, регистрирајќи се преку формулари или други начини на нашата веб-страница или давајќи ги нивните и-мејл адреси на средбите, семинарите, реагирајќи по пошта или преку други канали. Ние на никого не ги продаваме, изнајмуваме, позајмуваме, тргуваме или закупуваме адресите од нашите листи.

Вие можете да побарате да се откажете од понатамошно примање на и-мејлови од нас. За да бидете отстранети од нашата и-мејл листа, одговорете на еден од нашите и-мејлови и побарајте да бидете отсранети или испратете и-мејл на webmaster@thework.com.

Ако имате некакво прашање во врска со оваа изјава за приватност, со практиките на оваа веб-страница или со користењето на оваа веб-страница, ве молиме контактирајте нé.

Услови на користење

Оваа веб-страница и сета содржина во оваа веб-страница не смее да се копира, да се размножува, преиздава, внесува, поставува, пренесува, расподелува или да се користи за создавање на адаптирани дела без претходна писмена дозвола од Бајрон Кејти Интернешенел (БКИ), освен кога БКИ ќе ви даде неексклузивна, непренослива ограничена дозвола да влезете и да ги прикажете веб-страниците на овој сајт, исклучиво на вашиот компјутер и за ваша лична и некомерцијална употреба на оваа веб-страница. Оваа дозвола е условена од тоа да не ја менувате содржината покажана на оваа веб-страница; да ги задржите непроменети сите авторски права, заштитниот знак и другите сопственички права; да ги прифатите сите изрази, услови и известувања кои ја придружуваат содржината или се поинаку образложени во оваа веб-страница. И покрај горенаведеното, секоја содржина, текст, аудио, слики и други материјали кои се на располагање за преземање, пристап или друга употреба од оваа веб-страница со нивни сопствени лиценцни изрази, услови и известувања ќе се регулираат со такви изрази, услови и известувања.

Школата за Работата и Програмата за сертификација

Постои само една авторизирана Школа за Работата и неа ја претставува Бајрон Кејти, која ве поканува на оваа прекрасна можност за да откриете дека слободата е можна во секој момент.Следните се авторизирани веб-страници за Работата:

  • thework.com
  • byronkatie.com
  • instituteforthework.com
  • livewithbyronkatie.com
  • storeforthework.com

Секоја друга веб-страница која ја претставува школата за Работата или програмата за сертификација е нелигитимна. Има многу луѓе на Интернет во денешно време кои што рекламираат работилници, курсеви или тренинзи за Работата. Ве молиме немојте да се измамувате ако ненамерно наидете на неавторизирана програма за сертификација на Работата. Помошниците кои се сертифицирани и според тоа авторизирани преку Бајрон Кејти Интернешенел, секогаш имаат лого Сертифициран Помошник за Работата на нивната веб-страница, осигурувајќи ве дека нивната понуда е легитимна. За ваша погодност и официјална верификација, со гордост ги наведуваме овие веб-страници и профили и нивните контакт информации на thework.com/facilitators.php.

 

   


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------

     

thework.com        
© 2017 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.