BKI logo
Кој би бил ти
без твојата приказна?

Работата

Настани

Школо

Извори

Помошници

Продавница

Контакт

За Кејти

 

 


Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 10 до 19 јули 2018 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања


 
РАБОТАТА на Македонски

ВОВЕД

Работата (The Work) на Бајрон Кејти е начин да се препознаат и преиспитаат мислите кои го предизвикуваат сето страдање во светот. Таа е начин да се најде мир во себеси и во светот. Секој со отворен ум може да ја прави оваа Работа.

Бајрон Кејтлин Рид стана тешко депресивна во нејзините триесетти години. Во текот на десетгодишен период нејзината депресија се продлабочи и во последните две години, Кејти (како што ја нарекуваат) ретко кога беше во состојба да ја напушти нејзината спална соба. Тогаш едно утро, од длабочините на очајот таа доживеа сознание кое и го промени животот.

Кејти виде дека кога веруваше во нејзините мисли - таа страдаше а дека кога не веруваше во мислитe - таа не страдаше. Тоа што ја предизвикуваше нејзината депресија не беше светот околу неа, туку тоа што таа го веруваше за светот околу неа. Во еден миговен увид, таа согледа дека нашиот обид да најдеме среќа беше назадечки – наместо безнадежно обидувајќи се да го промениме светот за да одговара на нашите мисли за тоа каков "треба" да биде тој, ние можеме да ги преиспитаме овие мисли и пресретнувајќи ја стварноста таква каква што е, да доживееме незамислива слобода и радост. Како резултат на тоа, една суицидална жена, врзана за креветот се исполни со љубов за сé што носи животот.

Продолжи >> Работата на Бајрон Кејти: Вовед

thework.com
byronkatie.com

   


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------

     
AFRIKAANS
AFRIKAANS   Afrikaans
العربية
العربية   Arabic
ČEŠTINA
ČEŠTINA   Czech
CHICHEWA
CHICHEWA   Chichewa
DANSK
DANSK   Danish
EESTI
EESTI   Estonian
ΕΛΛΗΝΙΚΑ
ΕΛΛΗΝΙΚΑ   Greek
ENGLISH
ENGLISH   English
ESPAÑOL
ESPAÑOL   Spanish
فارسی
فارسی   Farsi
FRANÇAIS
FRANÇAIS   French
한국의
한국의   Korean
HRVATSKI
HRVATSKI   Croatian
ITALIANO
ITALIANO   Italian
עברית
עברית   Hebrew
LATVIESU
LATVIESU   Latvian
LIETUVIU
LIETUVIU   Lithuanian
MAGYAR
MAGYAR   Hungarian
македонски
македонски   Macedonian
NEDERLANDS
NEDERLANDS   Dutch
日本語
日本語   Japanese
NORSK
NORSK   Norwegian
PAPIAMENTU
PAPIAMENTU   Papiamentu
POLSKI
POLSKI   Polish
PORTUGUÊS
PORTUGUÊS   Portuguese
ROMÂNĂ
ROMÂNĂ   Romanian
РYCCKИЙ
РYCCKИЙ   Russian
SHQIP
SHQIP   Albanian
SLOVENČINA
SLOVENČINA   Slovak
SLOVENŠČINA
SLOVENŠČINA   Slovenian
SRPSKI
SRPSKI   Serbian
SUOMI
SUOMI   Finnish
SVENSKA
SVENSKA   Swedish
TÜRKÇE
TÜRKÇE   Turkish
ייִדיש
ייִדיש   Yiddish
中文
中文   Chinese

thework.com      Приватност и правна изјава
© 2018 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.