Кој би бил ти без твојата приказна?

За Бајрон Кејти

Бајрон Кејти, основачот на Работата (The Work), има една задача: да ги научи луѓето како да стават крај на нивното сопствено страдање. Додека таа ги води луѓето низ моќниот процес на испрашувањето кој таа го нарекува Работата тие откриваат дека нивните стресни верувања – за животот, за другите луѓе или за самите себеси – радикално се променуваат и нивните животи засекогаш се преобразуваат.

Заснована на директното доживување на Бајрон Кејти за тоа како се создава и завршува страдањето, Работата е зачудувачки едноставен процес, достапна на луѓето од секоја возраст и потекло и не бара ништо повеќе од пенкало, хартија и отворен ум.

Со помошта на овој процес, секој може да научи да ја проследи несреќата до нејзиниот извор и да ја отстрани таму. Кејти (како што сите ја нарекуваат) не само што ни покажува дека сите проблеми во светот потекнуваат во нашето мислење: таа ни го дава алатот за да ги отвориме нашите умови и да се ослободиме себеси.

  • Кејти е автор на следните книги:

    Да се сака тоа што е (напишана со Стивен Мичел)

  • I Need Your Love—Is That True? (Ми треба твојата љубов-вистина ли е тоа?) (напишана со Мајкл Катц)
  • A Thousand Names for Joy (Илјада имиња за радоста) (напишана со Стивен Мичел)
  • Question Your Thinking, Change the World(Преиспитај го своето мислење, промени го светот) (уредена од Стивен Мичел)
  • Who Would You Be Without Your Story (Кој би бил ти без твојата приказна?) (уредена од Карол Вилијамс)
  • Tiger-Tiger, Is It True? (Тигре-тигре, вистина ли е тоа?) (првата книга на Кејти за децата, илустрирана од Ханс Вилхелм)
  • Peace in the Present Moment (Мир во сегашниот момент) (од Бајрон Кејти и Екарт Толе, со фотографии од Мишел Пен и предговор од Стивен Мичел)
  • A Friendly Universe (Пријателски универзум) (од Бајрон Кејти, илустрирана од Ханс Вилхелм)

Како започна Работата

Бајрон Кејти стана длабоко депресивна во нејзините рани триесетти години. Речиси десет години таа пропаѓаше сé подлабоко во бес, самопрезир и постојани мисли за самоубиство; во последните две години, таа честопати не беше во состојба да ја напушти нејзината спална соба.

Тогаш едно утро, во фебруари 1986 година, таа доживеа сознание кое и го промени животот. Постојат различни имиња за доживувањето како што е тоа. Кејти тоа го нарекува „будење за стварноста“.

Во тој момент, вели таа,

Открив дека кога им верував на моите мисли, јас страдав, но дека кога не им верував, јас не страдав и дека тоа е вистина за секое човечко битие. Толку едноставна е слободата. Открив дека страдањето е незадолжително. Најдов радост во мене што никогаш не исчезна, ниту за еден момент. Таа радост е во секого, секогаш.

Таа созна дека тоа што ја предизвикуваше нејзината депресија не беше светот околу неа, туку верувањата кои таа ги имаше за светот. Наместо безнадежно обидувајќи се да го промени светот за да одговара на нејзините мисли за тоа каков треба тој да биде, таа можеше да ги преиспита овие мисли и пресретнувајќи ја стварноста таква каква што е, да доживее незамислива слобода и радост. Како резултат на тоа, една суицидална жена врзана за креветот моментално беше исполнета со љубов за сé што носи животот.

Работата, процесот на самоиспитување на Кејти, не се разви од ова доживување; таа вели дека Работата се разбуди со неа, како дел од неа, тоа фебруарско утро во 1986 год. Првите луѓе кои ја правеа Работата известија дека таа им ги преобразила животите и таа набргу почна да прима покани јавно да го подучува овој процес.

Од 1986 год., таа ја има донесено Работата до милиони луѓе низ целиот свет, на бесплатни јавни средби, во затвори, болници, цркви, корпорации, универзитети, школи, викенд работилници, нејзината неверојатна деветдневна Школа за Работата и со помош на Институтот за Работата.

Newsletter Sign-Up
  • Please enter the code.
  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.