Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања

 


 


За Бајрон Кејти

Бајрон Кејти, основачот на Работата (The Work), има една задача: да ги научи луѓето како да стават крај на нивното сопствено страдање. Додека таа ги води луѓето низ моќниот процес на испрашувањето кој таа го нарекува Работата тие откриваат дека нивните стресни верувања – за животот, за другите луѓе или за самите себеси – радикално се променуваат и нивните животи засекогаш се преобразуваат.

Заснована на директното доживување на Бајрон Кејти за тоа како се создава и завршува страдањето, Работата е зачудувачки едноставен процес, достапна на луѓето од секоја возраст и потекло и не бара ништо повеќе од пенкало, хартија и отворен ум.

Со помошта на овој процес, секој може да научи да ја проследи несреќата до нејзиниот извор и да ја отстрани таму. Кејти (како што сите ја нарекуваат) не само што ни покажува дека сите проблеми во светот потекнуваат во нашето мислење: таа ни го дава алатот за да ги отвориме нашите умови и да се ослободиме себеси.

Кејти е автор на следните книги:

Да се сака тоа што е (напишана со Стивен Мичел)
I Need Your Love—Is That True? (Ми треба твојата љубов-вистина ли е тоа?) (напишана со Мајкл Катц)
A Thousand Names for Joy (Илјада имиња за радоста) (напишана со Стивен Мичел)
Question Your Thinking, Change the World (Преиспитај го своето мислење, промени го светот) (уредена од Стивен Мичел)
Who Would You Be Without Your Story (Кој би бил ти без твојата приказна?) (уредена од Карол Вилијамс)
Tiger-Tiger, Is It True? (Тигре-тигре, вистина ли е тоа?) (првата книга на Кејти за децата, илустрирана од Ханс Вилхелм)
Peace in the Present Moment (Мир во сегашниот момент) (од Бајрон Кејти и Екарт Толе, со фотографии од Мишел Пен и предговор од Стивен Мичел)
A Friendly Universe (Пријателски универзум) (од Бајрон Кејти, илустрирана од Ханс Вилхелм)

Почеток на страница

Како започна Работата

Бајрон Кејти стана длабоко депресивна во нејзините рани триесетти години. Речиси десет години таа пропаѓаше сé подлабоко во бес, самопрезир и постојани мисли за самоубиство; во последните две години, таа честопати не беше во состојба да ја напушти нејзината спална соба.

Тогаш едно утро, во фебруари 1986 година, таа доживеа сознание кое и го промени животот. Постојат различни имиња за доживувањето како што е тоа. Кејти тоа го нарекува „будење за стварноста“.

Во тој момент, вели таа,

Открив дека кога им верував на моите мисли, јас страдав, но дека кога не им верував, јас не страдав и дека тоа е вистина за секое човечко битие. Толку едноставна е слободата. Открив дека страдањето е незадолжително. Најдов радост во мене што никогаш не исчезна, ниту за еден момент. Таа радост е во секого, секогаш.

Таа созна дека тоа што ја предизвикуваше нејзината депресија не беше светот околу неа, туку верувањата кои таа ги имаше за светот. Наместо безнадежно обидувајќи се да го промени светот за да одговара на нејзините мисли за тоа каков треба тој да биде, таа можеше да ги преиспита овие мисли и пресретнувајќи ја стварноста таква каква што е, да доживее незамислива слобода и радост. Како резултат на тоа, една суицидална жена врзана за креветот моментално беше исполнета со љубов за сé што носи животот.

Работата, процесот на самоиспитување на Кејти, не се разви од ова доживување; таа вели дека Работата се разбуди со неа, како дел од неа, тоа фебруарско утро во 1986 год. Првите луѓе кои ја правеа Работата известија дека таа им ги преобразила животите и таа набргу почна да прима покани јавно да го подучува овој процес.

Од 1986 год., таа ја има донесено Работата до милиони луѓе низ целиот свет, на бесплатни јавни средби, во затвори, болници, цркви, корпорации, универзитети, школи, викенд работилници, нејзината неверојатна деветдневна Школа за Работата и со помош на Институтот за Работата.

Почеток на страница

 


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------

thework.com      Приватност и правна изјава
© 2018 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.