Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања

 


 


Извори

Следното е список на достапни извори за да се научи повеќе за Работата (The Work):

The Byron Katie Newsletter (на Англиски)

Билтен со видеа, статии и вести од Бајрон Кејти. Пријави се.

Facebook and Twitter (на Англиски)

Пронајди ја Кејти на Фејсбук и на Твитер.

ByronKatie.com (на Англиски)

Блогот на Кејти, редовно ажуриран со видеа, пораки и твои коментари. Отвори ги сите.

Институтот за Работата (на Англиски)

Институтот за Работата е во врска со твоето самосознание и слобода со помош на интензивно задлабочување во Работата. Тоа е единствената организација, што е овластена да издава лиценци и сертификати за помагачите на Работата на Бајрон Кејти. Институтот, исто така, нуди заедница на дипломците на Школото за да ја вклучат Работата во секојдневното живеење.

The Work Foundation (на Англиски)

Научи за Фондацијата на Работата, и донирај преку интернет.

Книги

Книгите на Кејти се:

Да се сака тоа што е (напишана со Стивен Мичел)

I Need Your Love—Is That True? (Ми треба твојата љубов-вистина ли е тоа?) (напишана со Мајкл Катц)

A Thousand Names for Joy (Илјада имиња за радоста) (напишана со Стивен Мичел)

Question Your Thinking, Change the World (Преиспитај го своето мислење, промени го светот) (уредена од Стивен Мичел)

Who Would You Be Without Your Story? (Кој би бил ти без твојата приказна?) (уредена од Карол Вилијамс)

Tiger-Tiger, Is It True? (Тигре-тигре, вистина ли е тоа?) (првата книга на Кејти за децата, илустрирана од Ханс Вилхелм)

Peace in the Present Moment (Мир во сегашниот момент) (од Бајрон Кејти и Екарт Толе, со фотографии од Мишел Пен, и предговор од Стивен Мичел)

A Friendly Universe (Пријателски универзум) (од Бајрон Кејти, илустрирана од Ханс Вилхелм)


Продавница

За книги, ЦД-еа, ДВД-еа и други производи од Бајрон Кејти на Англиски, кликни овде.

Школа за Работата

За разлика од било која друга школа на земјата, наместо да се фокусираш на учење, ти ќе ги одучуваш приказните полни со страв за кои невино си бил приврзан. Слободата не доаѓа од учење на нови замисли. Таа е твојата природна состојба кога твоите ограничувачки верувања се пресретнати со разбирање. Кој би бил ти без твоите стресни приказни? Во школата за Работата со Бајрон Кејти, можеш да почнеш да откриваш.

Настани

Запознај ја Бајрон Кејти во живо на средбите во САД и Европа. Разгледај го распоредот. >>

 

 

   


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------

     

thework.com      Приватност и правна изјава
© 2018 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.