Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања

 


 


На оваа страница:

За школата за Работата
Често поставувани прашања

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

Никогаш во животот не сум бил толку длабоко и позитивно трогнат. Не само што наставниот план беше најсовремениот курс во емоционална искреност и зрелост со кој некогаш сум се соочил, туку изборот на времето, содржината и редоследот на сите вежби бea испланирани со таква мудрост и сигурност што мојата храброст да ги доживеам учењата не само како теорија, беше навистина неверојатна.
- Мајкл Л.

Сум била на многу работилници и интензивни семинари во животот, но никогаш не сум доживеала нешто што е толку маестрално испланирано, разновидно и длабоко како што е доживувањето во овој курс. Тој е прекрасен и неверојатен. Како резултат на тоа, јас сум појасна, посредена и помудра во живеењето на мојот живот. Откривам дека практично е невозможно да се биде жртва повеќе и мојата вештина во потпомагање на Работата стана остра како жилет. Првично мислев дека курсот е скап, а сега го гледам како бесценет. Ваков вид на љубов не може да се купи
- М.О., Лос Ангелес

Моето искуство со Работата е феноменално. Ги прочитав книгите, го користев интернетот, ја користев линијата за помош, платив четири сесии. Никаков вид на терапија што ја правев или што ја потпомагав не е ниту приближно корисна како Работата, кога станува збор за олеснувањето на мојата болка и исцелувањето на моите трауми.

Јас сум психотерапевт веќе 26 години. Поради исцрпеност ја напуштив мојата канцеларија во септември во 2007 год. Тогаш ја открив Работата која ми го промени животот и продолжува да ме исцелува. Кога ќе се вратам од самопрогласениот одмор, сакам да станам сертифициран помошник на Работата.
- К.П., Аризона

Времето и парите кои беа потребни ми се чинеа дека се многу – можев да си отидам на одмор, наместо тоа. Но нешто во мене ми рече да одам и кон крајот морав да се смеам – тоа БЕШЕ одмор. Јас буквално го испразнив умот. И наместо да си одам дома со сувенири и поцрнета, јас си отидов дома полесна, толку многу полесна и тоа не е исчезнато. Тоа едноставно станува уште подобро. Научив како да имам среќен живот. Неверојатно!
- А.Б., Калифорнија

Тоа што најмногу го сакам во врска со Школата е мојот живот после Школата. Недостатокот на мојот постојан придружник – неспокојот - е толку сладок. Се чувстувам навистина пријатно да бидам сега јас; мене всушност ми се допаѓа да бидам самата со себеси. Не знам дали тоа е поради Школата, или можеби е случајно, но сега, само шест месеци подоцна, јас сум верена за најпрекрасниот маж, се преселив во убава куќа и во убав град, а мојата работа станува сé подобра и подобра.
- С.М., Аризона

„Драга Кејти,
Ова е љубовна порака за да ти се заблагодарам за Работата. Јас сум „девојчето боровинка“ од минатиот октомври. Светот во мене и надвор од мене неверојатно се промени откако почнав со Работата во јуни 2011 год. Мојот живот се исцелува и тоа е нешто извонредно. Работата ја правам секој ден и тоа сé повеќе се продлабочува. Ти ми даде стипендија за да ја претствавам Работа во затворот. Работата продолжи во мене и пред неколку недели – случајно – се јавив на пријателка која ја немав видено четири години. Таа одново започнуваше со група во затворот за доброволно менторство и програмирање. Почнавме минатата сабота во поправителниот центар во Вашингтон. Беше прекрасно. Не можам да ја изразам мојата благодарност – многу малку остана од жената која бев пред само девет месеци!

Се запознавам со вистинскиот живот – и благодарение на годините на тешка работа како советник за дрога и алкохол, сега можам многу добро да комуницирам во групи. Тие сакаа да знаат кога повторно ќе се вратам пред да ја завршам оваа сесија! Те сакам Кејти. Ти благодарам.“
- Д

„Имам многу работено во решавањето на конфликти со младите Срби и Албанци на Косово и во решавањето на конфликти воопшто, во зајакнување на отпорноста на учители, родители и ранливи групи. Пред да дојдам во Школата, знаев дека тоа ќе биде многу вредно искуство и дека ќе имам корист од неа, како и сите луѓе со кои работам, но немав претстава до кој степен...

Во текот на Школата, имав живо чувство дека бев поканета да станам величина. Имаше периоди кога ми беше тешко, кога се чувстував дека се борам со невидлива сила која ми предизвикуваше ужасна болка, но сепак никогаш не ме напушти чувството – дека ќе наидам на нешто толку вредно и драгоцено и дека имам прилика да учестувам во величината на тоа што Е и од кое што сум дел.

Тоа што ме фасцинираше за време на Школата е што програмата беше организирана на таков холистички начин – активностите следеа една по друга на начин кој создаваше масивен едукативен графикон. Свесна сум дека тоа што го правиш со Работата ги надминува едукативните парадигми и ова не го велам од позиција на проценувач, но како професионалец кој е заинтересиран за тоа како луѓето учат. Бев воодушевена од начинот на кој ја вклопуваш содржината – на тоа што е тешко да се објасни, на тоа што го надминува нештото на кое сме навикнати – во совршена методологија која ги следи сите правила за холистичка едукација за која сите експерти зборуваат.“
- Со бескрајна благодарност,
З, од Србија

„Пред да ја завршам Школата, мислев дека мрзливоста беше таа што ме задржуваше да не ја правам Работата; сега разбирам дека тоа беше начинот на кој моето его ме задржуваше да не станам поцелосно свесна за себеси. Правењето на Работата со други луѓе ми ја дава методичноста да одам подлабоко. Открив дека кога еднаш се навикнав да ги испишувам Работните листови, да одвојам доволно време со партнерот кој ми потпомагаше, автоматски ми стана потешко да толерирам секакво малку подмолно чувство, како што е сомнежот, огорченоста и тн. Понекогаш приказните се очигледни, на пример кога лутината се насобира, но понекогаш чувството е нелагодност или лесно претчувство за некое лице или ситуација. Кај мене тоа може да се изрази како стегнат стомак, умор, апатија, или го одвраќам вниманието со социјалните медиуми и одговарање на и-мејлови. Можеби нема да забележам дека пливам низводно, но донесувањето одлуки го чувствувам како да дигам тешки тегови. Егото го сака тоа; тоа му е познато и се чувствува како дома.

Работата покажува поинаков пат. Ако доволно успорам и внимателно се задржам на тоа што е, почнувам да ја забележувам причината и последицата и се учам да ги следам моите внатрешни движења. На ова место, со другите луѓе, јас одвојувам време за да се фокусирам на тоа што го мислам. Работата не ги отстранува мислите, туку ги испитува, ги прави безопасни. Го сакам тоа.“
- В.Ј.

Почеток на страница

За школата за Работата

Ова е конечната душевна авантура. За разлика од секоја друга школа на земјата, таа не е за учење – таа е за одучување. Ти ќе поминеш 9 дена губејќи ги приказните базирани на страв, за кои невино си се држел целиот твој живот. Тоа можеби се приказни како „Јас не сум доволно добар“ или „Потребен ми е партнер“ или „Никогаш нема да го преболам ова“ или „Јас морам да имам контрола“. Кој би бил ти без овие стресни приказни?

Во Школата ќе откриеш дека твоите приказни се приказни на секого и приказните на секого се твои приказни. Ќе бидеш пречекан во разновидна, сочувствителна фамилија каде што можеш да бидеш потполно таков каков што си, без страв дека некој ќе те суди, можеби за прв пат во твојот живот. Ти ќе им потпомагаш на твоите соученици во Работата (The Work) додека тие се отвораат кон себеси. А потоа ќе ги замените местата и тие ќе го направат истото за тебе.

Школата за Работата го започнува првиот ден во 18.30 часот (пријавувањето на самото место е од 15.30 до 17.30 часот). Школата завршува на пладне во последниот ден.

Ова е длабоко доживување – твоето потопување во слободата. Замисли место во кое можеш сé да чувстуваш, можеш сé да кажеш и да знаеш дека сето тоа е во ред. Замисли дека лицето кое седи до тебе, со кое никогаш порано не си зборувал, те замолува да му потпомогнеш во нејзината или неговата Работа и петнаесет минути подоцна да се чувстуваш дека можеш да му кажеш сé на тоа лице.

Наставната програма во Школата е жив процес кој се развива и кој се менува зависно од потребите на учесниците и на основа на минатите доживувања на учениците. Вежбите и активностите се испланирани за да ја отсликаат преобразбата низ која Кејти самата помина откако се разбуди за стварноста во 1986 год. Ти ќе работиш со теми како што се пол, секс, страв, телесна претстава, зависност, пари и врски од секаков вид.

Секој ден за време на Школата, можеби ќе откриеш дека се чувствуваш послободен и посреќен отколку во претходниот ден. Старите навики можеби ќе исчезнат како износена облека. Можеби ќе откриеш дека си нестрплив да станеш наутро за да не пропуштиш ниту еден момент од оваа авантура која се одвива.

Многу од учесниците ги сметаат овие девет дена за најважните денови што некогаш ги доживеале. Увидите и сознанијата остануваат со нив долго откако Школата завршила, а за многу луѓе овие увиди се трајни. Луѓето изјавуваат дека животот го доживуваат на сосема поинаков начин, дека за прв пат препознаваат дека универзумот е пријателски и дека чувствуваат нова обврска да ја прават Работата како дневно вежбање.

Постои само една авторизирана Школа за Работата и неа ја предводи Бајрон Кејти, која те поканува на оваа прекрасна можност за да откриеш дека слободата е можна во секој момент.


слики: K. Прате

Порака од Кејти

На првата вечер на Школата, јас честопати ги прашувам учесниците што е тоа што сакаат да го понесат дома од Школата. Тие велат работи како „Сакам душевен мир“ или „Сакам да бидам почувствително лице“ или „Сакам да бидам среќен/а со или без мојот партнер“. На крајот на Школата, повторно и повторно слушам дека го нашле тоа што го барале. Всушност, многу луѓе излегуваат толку променети што нивните фамилии се целосно благодарни и понекогаш дури и вчудоневидени од промените. Школата делува за секој учесник кој доаѓа во неа со отворен ум. Резултатите се порадикални, повеликодушни отколку што можеш воопшто и да замислиш.


Почеток на страница

Често поставувани прашања

Колку време треба да ја правам Работата пред да се запишам во Школата?

Никакво претходно искуство во Работата не е неопходно. Ова е твоја Школа и таа нема нивоа на квалификации. Во неа си само ти, Кејти, нејзиниот персонал, брилијантниот наставен план на Кејти и четирите прашања, потпомогнати од твоите соученици, од Кејти и нејзиниот персонал.

Може ли било кој да се запише во Школата за Работата?

Да, а деца кои се под 18 години мора да ги придружува родител. Секој кој може да ги одговори четирите прашања може да има корист од Школата. Никој не е премногу млад или премногу стар за да му ги повредат чувствата, за да биде збунет, или фрустриран, или депримиран и секој заслужува да знае како да се справи со своето сопствено страдање. Кејти препорачува секој од учесниците да ја прочита книгата Да се сака тоа што е пред да дојде во Школата.

Кој ќе биде нашиот учител или учители?

Два збора: Бајрон Кејти. Таа ќе седи со тебе во текот на сите девет дена, потпомагајќи ја Работата, одговарајќи ги твоите прашања и споделувајќи ја нејзината свесност. Стручен и посветен персонал работи со Кејти за да ја направи твојата Школа најсилно можно доживување.

Поинаку речено, ти ќе си бидеш сопствениот учител, давајќи си го себеси разбирањето кое што само ти можеш да го донесеш. Кејти и нејзиниот персонал се таму за да ти помогнат во секој чекор по патот. Секој соученик со кој работиш ќе биде твојот учител, а ти ќе бидеш неговиот.

Што се случува во типичен ден во Школата?

Денот започнува во 7.00 часот. Групата се собира за доручек и утринска медитација, по што следи можност да ги споделиш сопствените согледувања. Распоредот за преостанатиот дел од денот е утринска сесија, ручек, попладневна сесија, вечера и вечерна сесија (за оние кои сакаат повеќе).

Зошто деновите во Школата се толку долги, од 7.00 до 21.00 часот?

Наставната програма на Кејти е многу богата и темелна и таа од срце посакува секој да го добие тоа за што тој или таа дошле: нивната сопствена слобода. Затоа очекувај долги денови и сите вежби и сесии се факултативни – ова секој ден се објаснува. Освен во многу ретки исклучоци, учесниците откриваат дека наставната програма всушност е кратка, бидејќи (според нив) таа е толку извонредна. Долгите денови се одговорот на Кејти на нивните барања и никогаш не се нешто што Кејти го наметнува.

Зошто Школата трае девет дена?

Првата Школа на Кејти траеше дваесетиосум дена и на луѓето им беше тешко да отсуствуваат од работните места или од животот за толку долго. Подоцна, по барање, таа ја намали Школата на четиринаесет дена. Уште подоцна, бидејќи многу луѓе кои сакаа да присуствуаат во Школата рекоа дека можат да си дозволат само една недела да бидат одделени од фамилиите, таа ги намали четиринаесетте дена на девет дена, вклучувајќи го викендот пред и после тоа. Кејти на луѓето им го дава сето она што може да го даде во такво кратко време.

Каква е наставната програма во Школата?

Најголемиот дел од наставната програма во Школата се состои од вежби кои ти помагаат да навлезеш подлабоко и подлабоко во испрашувањето на себеси. Во најголемиот дел од времето ти ќе ги пишуваш сопствените одговори во Работните листови: суди го блискиот или во Работните листови: едно по едно верување. Во процесот ќе се здобиеш со вредно искуство во препознавањето на стресните мисли кои се причината за твоето страдање и во потпомагање на другите луѓе во Работата. Потпомагањето не е психо-терапија; тоа едноставно е правење на Работата во парови. Но тоа може да направи неочекувана разлика во смисла на твоето доживување на Работата.

Каков е социјалниот живот во Школата?

Ти ќе се наоѓаш помеѓу и ќе работиш со неколку стотици од највеликодушните, најотворените и најсрдечните луѓе кои некогаш си ги запознал. И тие сите ќе бидат сериозни во правењето на нивната сопствена Работа и во потпомагањето на твојата.

Од каде се учениците?

Од секаде во светот. Во неодамнешната Школа во Лос Ангелес, имавме ученици од Канада, Мексико, Аргентина, Бразил, Германија, Холандија, Франција, Англија, Ирска, Шкотска, Велс, Швајцарија, Данска, Норвешка, Шпанија, Португалија, Италија, Русија, Казахстан, Израел, Либан, Саудиска Арабија, Индија, Пакистан, Индонезија – а да не зборуваме од Западна Вирџинија, Јута, Тексас, Небраска, Хаваи....

Каква е храната?

Одлична! Ти ќе уживаш во три оброци дневно во голема трпезарија, избирајќи од многу разновидни јадења. Најголемиот дел од нашата селекција на храна е вегетаријанска и честопати веганска. Секаде каде што е можно се користат органски состојки, а можеме да задоволиме индивидуални диететски барања доколку знаеме за нив однапред, или ако се препишани од лекар. Појадокот се состои од јајца или слично топло главно јадење. Исто така, сервираме едно или повеќе топли целеарии и неколку вида свежо и селекција на сушено овошје, како и млеко од животинско и растително потекло. Ручекот и вечерата се состојат од најмалку две главни јадења, од изобилство на разни салати и бројни гарнири од зеленчук, мешунки и житарици.

Долгите денови, многуте денови, изолацијата – зарем тоа не е секташки? Дали Работата е секта?

Не е, доколку под „секта“ подразбираш група на луѓе кои се индоктринирани за да прифатат одредени верувања. Всушност, Работата е спротивна на „секта“ затоа што целата намера на Работата е да ги преиспита верувањата. Таа на луѓето им дава начин да мислат за себеси, начин да го присвојат сопствениот ум. Таа нема никаква врска со заменувањето на стари верувања со нови или со учењето дека некое верување е вистинито или невистинито. Работата е во врска со отперувањето на сопствените мозоци од негативните мисли кои не спречуваат да имаме оптимално здравје, среќа и продуктивност кои секој од нас ги заслужува.

Еве што вели Кејти на почетокот од книгата Да се сака тоа што е:

Тоа што го сакам во врска со Работата е што ти овозможува да влезеш во себеси и да си ја најдеш сопствената среќа, да го доживееш тоа што веќе постои во тебе, непроменливо, непомерливо, секогаш присутно и секогаш чекајќи. Никаков учител не е неопходен. Ти си учителот на кој што си чекал. Ти си тој кој може да стави крај на твоето сопствено страдање.

Јас честопати велам, „Немој да веруваш во ништо што кажувам“. Јас сакам да го откриеш тоа што е вистинито за тебе, не за мене.

Зошто им се советува на учесниците да не праќаат и-мејлови за време на Школата?

Ова е начинот на кој Кејти ги поддржува учесниците за да останат фокусирани на тоа за што дошле – нивната сопствена слобода наместо нивниот и-мејл – за девет дена. Тоа не е услов: тоа е предлог. За Кејти е важно на учесниците да им се понуди можност да останат фокусирани на нивниот сопствен процес на испрашување и да не бидат вознемирувани од бизнисот или фамилијарните работи кои не се итни во текот на деветте дена. (Сите итни пораки од фамилијата или бизнисот веднаш им се пренесуваат на учесниците со хотелските телефони во нивните сопствени соби).

Дали е задолжително учесниците да делат соба?

Не. Некои луѓе избираат да имаат еднокреветни соби. Им се советува на учесниците да имаат цимери и да ја делат собата со некого кого не го познаваат, затоа што откривме дека непознат цимер честопати предизвикува стресни мисли, и тоа им дава можност на луѓето да ја прават Работата со мисли од кои страдале во целиот нивен живот. Вежбањето со цимерите има преобразено врски со брачните другари, родителите, децата, бизнис партнерите и пријателите. Нашето искуство е дека кон крајот на деветдневната Школа секој кој имал цимер е многу среќен што го имал. И честопати тие кои избираат да немаат цимер укажуваат дека ако повторно им се даде прилика, тие би рекле да.

Зарем не ги изолирате членовите од општеството, како што прават сектите?

Не. Учесниците во Школото не се изолирани. Наместо тоа, тие се поканети да ги искористат овие драгоцени денови со Кејти и нејзиниот персонал да останат фокусирани на наставната програма на Школата за девет дена. По ова деветдневно доживување, тие се враќаат во нивните секојдневни животи, со метод за тоа како да се справат со секаков проблем кој може да се појави. Најголемиот дел од нив – тоа е што самите тие го велат – се враќаат во нивните животи како посреќни, пољубезни, послободни човечки битија. Дома, тие се слободни да ја прават Работата или да не је прават, како што сакаат.

Што се случува откако ќе дипломирам на Школата?

Ние имаме прекрасна програма за понатамошна грижа, за да ти помогне да ја направиш Работата постојан дел од твојот живот. Таа е бесплатна и е достапна на секого кој ќе избере да се запише во неа. Оваа програма обезбедува дневни сесии за вежбање и бесплатна линија за помош. Многу од дипломците формираат независни групи за да ја прават Работата во нивните средини или со телефон. Исто така популарни се чет групи за дипломците од Школата. Школата е со постојана добродошлица. За оние дипломци кои сакаат да ја вклучат Работата во нивната професија, или да ја направат нивна професија, го нудиме Програмот за сертификација во Институтот за Работата. За повеќе информации, кликни овде.

Како следењето на Школата ќе ми помогне во мојата професија?

Луѓе во професиите за пружање помош се длабоко импресионирани од тоа колку брзо и ефикасно Работата може да му помогне на клиентот да одгатне некој проблем, кој со години не можел да го разреши со терапија. Воени ветерани со пострауматски стресни заболувања и луѓе кои преживеале злоупотреби извонредно докажале дека, со помош на Работата, се во состојба да се ослободат себеси од долгогодишно и децениско, страдање. Кога ти, како стручњак, можеш да му помогнеш на клиентот да доживее ваков вид на значаен чекор напред, ти ќе ја доживееш најдлабоката можна исполнетост: радоста што си извел друго човечко битие до слободата.

Како Школата ќе ми го промени животот?

Тоа зависи од тебе. Едно нешто за што со потполна сигурност може да се рече е дека, ако твојот ум е отворен кон испрашувањето, Школата ќе ти го промени животот и тоа секогаш на позитивен начин. Мнозинството на нашите дипломци откриваат дека нивото на нивната ментална, па дури и физичка благосостојба е подобрена. Нивната способност да го совладаат стресот е значително зголемена. Тие стануваат подобри слушатели, подобри соговорници, подобри пријатели, подобри членови на фамилијата. Стануваат покреативни кога се соочуваат со животните предизвици. Можеби ќе откријат дека реагираат смирено во ситуации кои порано ги вознемирувале. И колку подолго продолжуваат со правење на Работата, толку повеќе таквите сознанија ќе им станат секојдневно доживување.

Почеток на страница


   


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------

     

thework.com      Приватност и правна изјава
© 2018 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.