Линија за помош во правење на Работата
Побарај не и направи ја Работата со нашите искусни помошници.

Elsk det som er

Да се сака тоа што е

Настани

Од 5 до 14 март 2019 год.
Школа за Работата
Оxаи, Калифорнија

Од 12 до 21 јули 2019 год.
Школа за Работата
Bad Neuenahr (Бад Нојенар), Германија

За повеќе детали види ја страницата Настани

Преземања

 


 
На оваа страница:
За Работата
Како се прави Работата
Често поставувани прашања

Извори

За Работата

Работата (The Work) е едноставен, но моќен процес на испрашување кој те подучува да ги препознаеш и да ги преиспиташ мислите кои го предизвикуваат сето страдање во светот. Таа е начин да се разбере тоа што те повредува и да се справи со причината на твоите проблеми со јасност.

Суди го блискиот

Луѓе кои редовно ја прават Работата честопати известуваат за:

  • Ублажување на депресијата: Наоѓаат решенија, дури и среќа, во ситуации кои претходно биле исцрпувачки.
  • Намален стрес: Се учат како да живеат со помалку загриженост или страв.
  • Подобрени врски: Доживуваат подлабока врска и интимност со нивните партнери, нивните родители, деца, пријатели и со самите себеси.
  • Намалена лутина: Го разбираат тоа што ги прави лути и огорчени и помалку и поретко реагираат и со помал интезитет.
  • Зголемена ментална бистрина: Живеат и работат поинтелегентно и поефективно, со чесност.
  • Повеќе енергија: Доживуваат ново чувство на постојана виталност и благосостојба.
  • Поголем мир: Откриваат како да станат „љубители на тоа што е“.

Почеток на страница

Процесот на Работата

1

Суди го блискиот

Со илјадници години не учеле да не судиме – но да бидеме искрени, ние сеуште постојано го правиме тоа. Вистината е дека сите ние имаме пресуди кои ни „трчаат“ низ главата. Со помош на Работата конечно имаме дозвола да пуштиме тие пресуди да прозборат, или дури да се извикаат, на хартија. Можеби ќе откриеме дека дури и најнепријатните мисли можат да се пресретнат со безусловна љубов.

Пополни го Работниот лист „Cуди го блискиот“.


2

Четирите прашања

Испитај ја секоја од изјавите во Работниот лист „Cуди го блискиот“ користејќи ги четирите прашања и свртувањата подолу. Работата е медитација. Таа е во врска со отворањето на твоето срце, не е во врска со обидувањето да се променат твоите мисли. Постави ги прашањата, потоа оди во себеси и почекај подлабоките одговори да излезат на површина. Преземи го Водичот за потпомагање за корисни потпрашања.

Во својата најосновна форма, Работата се состои од четири прашања и свртувања. На пример, твојата изјава можеби е „[Име] не ме слуша“. Пронајди некого во твојот живот за кого си ја имал таа мисла. Тогаш, земи ја таа изјава и стави ја наспроти четирите прашања и свртувањата на Работата.

Вистина ли е тоа? (Да или не. Ако е не, продолжи со број 3.)

Можеш ли апсолутно да знаеш дека тоа е вистина? (Да или не.)

Како реагираш, што се случува, кога веруваш во таа мисла?

Кој би бил ти без мислата?

Сврти ја мислата. Потоа пронајди најмалку три специфични, искрени примери за тоа како секое од свртувањата е вистинито за тебе во таа ситуација.


3

Пронајди ги свртувањата

Откако си ја испитал изјавата со четирите прашања, ти си спремен да ја свртиш замислата што ја преиспитуваш.

Секое свртување е прилика да се доживее спротивноста на тоа во што првобитно си верувал.

Изјавата може да биде свртена кон себеси, кон другиот и кон спротивноста (понекогаш и кон „моето мислење“, кога мислиш дека тоа е соодветно). Пронајди најмалку три специфични, искрени примери за тоа како секое свртување е вистинито во твојот живот, а потоа дозволи си себеси време и присуство длабоко да ги почувстуваш.

На пример, „Пол не ме разбира“ се свртува во „Јас не се разбирам себеси“. Пронајди најмалку три специфични, искрени примери за моменти во кои ти не се имаше разбрано себеси.

Друго свртување е „Јас не го разбирам Пол“. Опушти се, затвори ги очите и со отворен ум набљудувај како сликите и чувствата во тебе почнуваат да ти покажуваат, пример по пример, како ти не го имаше разбрано Пол. Биди многу нежен и детален.

Трето свртување е „Пол ме разбира“. Смири се и набљудувај додека твојот ум ти открива примери за тоа како ова свртување е вистинито. Тие примери можат вака да изгледаат:

a. Тој разбира дека кога се лутам, мене секогаш ми поминува.

б. Тој ме разбра минатата недела, кога се смееше на шегата што му ја кажував.

в. Тој ме разбра вчера кога му реков дека навистина ми беше потребно да излезам со пријателите. Тој дури остана дома со децата.

Кога почнав да ги живеам моите свртувања, јас забележав дека јас бев сето тоа што те нарекував тебе. Ти едноставно беше мојата проекција. Сега, наместо да се обидувам да го променам светот околу мене (тоа не делуваше, но само за 43 години), јас можам да ги ставам мислите на хартија, да ги испитам, да ги свртам и да откријам дека јас сум токму тоа нешто што мислев дека си ти. Во моментот кога тебе те гледам како себичен, јас сум себична, (одлучувајќи за тоа што ти треба да бидеш). Во моментот кога тебе те гледам како нељубезен, јас сум нељубезна. Кога верувам дека ти треба да престанеш да водиш војна, јас самата водам војна со тебе во мојот ум.
– - Бајрон Кејти

Свртувањата се твојот рецепт за среќа. Живеј го лекот кој си го препишувал на другите луѓе. Светот чека само на едно лице да го живее тоа. Тоа лице си ти.

Примери на свртувања


Еве уште неколку примери на свртувања:

„Тој треба да ме разбере“ се свртува во:
- Јас треба да се разберам себеси.
- Јас треба да го разберам него.
- Тој не треба да ме разбере мене.

„Потребно ми е тој да е љубезен кон мене“ се свртува во:
- Потребно ми е јас да сум љубезна кон себеси.
- Потребно ми е јас да сум љубезна кон него.
- Не ми е потребно тој да биде љубезен кон мене.

„Тој е нечувствителен кон мене“ се свртува во:
- Јас сум нечувствителна кон мене.
- Јас сум нечувствителна кон него.
- Тој е чувствителен кон мене.

„Пол не треба да вика на мене“ се свртува во:
- Јас не треба да викам на себеси.
- Јас не треба да викам на Пол.
- Пол треба да вика на мене.

Прифаќање на стварноста

Откако си ги свртел пресудите во твоите изјави од број 1 до број 5 од Работниот лист (и откако си пронашол најмалку три примери за секое свртување), сврти ја изјавата под број 6, употребувајќи „Спремен сум да...“ и „Едвај чекам да...“.

На пример, „Никогаш повеќе не сакам да доживеам да се расправам со Пол“ се свртува во „Спремен сум да доживеам да се расправам со Пол“ и „Едвај чекам да доживеам да се расправам со Пол“. Зошто едвај би чекал да го направиш тоа?

Изјавата под број 6 е во врска со целосното прифаќање на сиот живот без страв и постојаната отвореност кон стварноста. Ако повторно доживееш да се расправаш со Пол - добро. Ако тоа те боли, преземи уште еден Работен лист: cуди го блискиот и испитај ги мислите во кои не си погледнал доволно длабоко. Непријатните чувства се едноставно потсетници дека сме се приврзале кон нешто што можеби не е вистинито за нас. Тие ни кажуваат дека е време да се препознаат стресните мисли и да се направи Работата.

Додека не можеш да го видиш непријателот како пријател, твојата Работа не е завршена. Тоа не значи дека мораш да го поканиш на вечера. Пријателството е внатрешно доживување. Ти можеби никогаш повеќе нема да го видиш, можеби и ќе се разведеш од него, но додека мислиш на него, дали чувстуваш стрес или мир?

Според моето искуство, потребно е само едно лице за да се има успешна врска. Јас можам да речам дека имам совршен брак, но навистина не можам да знам каков брак има мојот маж (иако тој ми вели дека тој исто така е среќен).

Почеток на страница


Често поставувани прашања

Тешко ми е да пишувам за други луѓе. Знам дека проблемот сум јас. Зошто не можам да пишувам за себеси?
Ако сакаш да се запознаеш себеси, пишувај за некој друг. Насочи ја Работата нанадвор во почетокот и можеби ќе согледаш дека сé што е надвор од тебе е директен одраз на твоето мислење. Сето ова е само за тебе. Повеќето од нас со години сме ја насочувале нашата критика и пресуди кон себеси и тоа сеуште не решило ништо. Кога судиш некој друг, испрашај и сврти го тоа (замислата која ја преиспитуваш). Ова е брзата патека до разбирањето и самосознавањето.

Многу е тешко да се судиш себеси. Некои од нас сме многу посветени на нашите идентификации; нашите идеи за самите себеси – како треба да изгледаме, како треба да се чувствуваме, што треба или што не треба да правиме – се толку јаки што можеби нема да бидеме во состојба искрено да ги одговориме четирите прашања и да ги направиме свртувањата. Ако си нов во Работата и чувствуваш дека мораш да се судиш себеси, те молиме јави се на Линијата за помош во правење на Работата и замоли искусен помошник да ти помогне со Работниот Лист.

Дали морам да пишувам? Можам ли едноставно да ги поставам прашањата и да ги свртам изјавите во мојата глава кога имам проблем?
Задачата на умот е да биде во право и тој може да се оправда себеси побрзо од брзината на светлината. Запри го делот од мислењетo коешто е извор на твојот страв, лутина, тага или огорченост така што ќе го пренесеш на хартија. Еднаш кога умот е запрен на хартија, многу полесно е да се испитува. На крајот Работата почнува автоматски да те ослободува, без пишување.

Што ако немам проблем со луѓето? Дали можам да пишувам за работи, како што е моето тело?
Да. Прави ја Работата за секој предмет што ти создава стрес. Како што се запознаваш со четирите прашања и свртувањата, можеш да избираш теми како што се тело, болест, кариера, или дури и Господ. Тогаш едноставно употреби го изразот "моето мислење" на местото на подметот кога ги правиш свртувањата.

На пример: „Моето тело треба да биде јако, здраво и подвижно" станува "Моето мислење треба да биде јако, здраво и подвижно“.

Зарем не е тоа што навистина го сакаш – урамнотежен и здрав ум? Дали болното тело е тоа што некогаш било проблем, или твоето мислење за телото е тоа што предизвикува проблем? Испитај. Пушти лекарот да се грижи за твоето тело, додека ти погрижи се за своето мислење. Имам пријател кој не може да го движи телото, и тој е заљубен во животот. На слободата не и треба здраво тело. Ослободи го умот.

Слушнав како велиш дека ја сакаш стварноста. Што е со војната и силувањето и сите страшни работи во светот? Дали преминуваш преку нив?
Сосема спротивното. Забележувам дека ако верувам дека тоа не треба да постои, кога всушност постои, јас страдам. Можам ли едноставно да ја прекинам војната во мене? Можам ли да прекинам да се силувам себеси и другите луѓе со моите погрдни мисли и дела? Инаку јас го продолжувам преку мене токму тоа што сакам да заврши во светот. Почнувам со завршување на моето сопствено страдање, мојата сопствена војна. Ова е животна работа.

Значи, тоа што го велиш е дека треба да ја прифатам стварноста таква каква што е и да не се расправам со неа. Точно ли е тоа ?
Работата не кажува што некој треба или не треба да прави. Ние едноставно прашуваме: Каква е последицата на тоа кога се расправаш со стварноста? Какво е чувството? Работата ја истражува причината и последицата на приврзувањето кон болни мисли и во тоа испитување ја наоѓаме сопствената слобода. Едноставно да се каже дека не треба да се расправаме со стварноста е само да се додаде уште една приказна, уште една филозофија или религија. Тоа никогаш до сега не делувало.

Јас не верувам во Господ. Дали можам сеуште да имам корист од Работата?
Да. Атеист, агностик, Христијанин, Евреин, Муслиман, Будист, Хинду, паган – сите ние имаме едно нешто заедничко: Ние сакаме среќа и мир. Ако ти е доста од страдањето, те поканувам да ја правиш Работата.

Постои ли начин на кој можам да се позадлабочам во Работата?
Јас честопати велам, ако навистина сакаш да бидеш слободен, јади ја Работата за доручек. Јади ја за ручек. Јади ја за вечера. Колку повеќе го правиш испрашувањето, толку повеќе тоа те „отправува“ тебе. Некои луѓе претпочитаат да ја прават Работата како дел од некоја организирана програма, затоа јас ја нудам Школата за Работата, која е интензивно патешествие низ твојот сопствен ум, со понатамошна грижа и извонреден систем на поддршка.

Го разбирам процесот на испрашување интелектуално, но не чувствувам дека всушност нешто се променува кога го работам. Што пропуштам?
Ако прашањата ги одговараш површински и размислувајќи, процесот ќе ти даде чувство дека си неповрзан. Обиди се да го поставиш прашањето и да одиш подлабоку. Можеби ќе мораш да го поставиш прашањето неколку пати за да се сконцентрираш, но додека го вежбаш ова, одговорот сигурно полека ќе се појави. Кога одговорот потекнува одвнатре во тебе, сознанијата (и промените) ќе следат сами по себе.

Јас секогаш ги користам свртувањата кога судам, но некако тоа не доведува до ништо освен што прави да сум депресивен и збунет. Што се случува?
Едноставното свртување на мислите го прави процесот интелектуален и со мала вредност. Поканата е да се надмине интелектот. Прашањата се како сонди кои се нурнуваат во умот, донесувајќи подлабоко знаење на површината. Прво постави ги прашањата, а потоа почекај. Откако одговорите се појавиле, тогаш направи ги свртувањата. Површинскиот ум и подлабокиот ум (јас го нарекувам срце) се сретнуваат, и свртувањата се чувстуваат како вистински откривања.

Дали секогаш има свртување? Што ако имам проблем да пронајдам едно?
Сврти ја изјавата кон спротивноста, кон себеси и кон другиот. Понекогаш ќе пронајдеш повеќе свртувања, понекогаш помалку. Кога се занимаваш со некој предмет, како што е физичкото тело, сврти го тоа кон спротивноста, и исто така кон „моите мисли“ или „моето мислење“ – на пример, „моето тело не е здраво“ може да се сврти во „моето мислење не е здраво“. И со сите свртувања, пронајди примери (најмалку три ако е можно) каде што свртувањето е исто толку вистинито или уште повистинито.

Работата не делува кај мене? Зошто?
Во моментот кога престануваш искрено да одговараш на прашањата и кога почнуваш да ги оправдуваш или да ги браниш изјавите кои ги испитуваш, Работата не делува. Во тој момент го користиш безнадежниот метод кој луѓето го користеле од почетокот на човечкиот ум. Кога почнуваш да ја оправдуваш или да ја браниш својата позиција или да одиш во приказна, едноставно забележи го тоа што го правиш, а потоа врати се повторно на испрашувањето. Војната на умот со самиот себеси е стар начин. Ако не можеш да ја запреш војната во тебе, ти не можеш да ја запреш војната надвор од тебе. Добредојде во новиот начин. Добредојде во мирот.

Се обидував да најдам терапевт во мојата околина кој има гледиште слично на Бајрон Кејти. Како можам да најдам некого?
Те молиме оди на thework.com, кликни на Certified Facilitators (Сертифицирани Помошници) и побарај Сертифициран помошник во твојата близина. Некои од помошниците се терапевти, психијатри, психолози и други здравствени професионалци и сите се одлични помошници на Работата, обучени лично од Бајрон Кејти. Овие професионалци се достапни на телефон, е-маил, Скајп и исто така во приватни "еден на еден" сесии. Ние во БКИ ти стоиме на услуга. Доколку најдеш некој од овие добри помошници, те молиме испрати ги твоите препораки, жалби и/или искуства на certification@thework.com. Твојата слобода, здравје и среќа се наша должност.

Почеток на страница


Извори

Список на материјали поврзани со Работата е достапен овде. >>

Почеток на страница

 

   


Certified Facilitators

Види ги сите сертифицирани помошници од целиот свет >>

-------

„Духовен иноватор за новиот милениум“

Тајм мaгазин

-------

„Силната љубов на Кејти како ласер ги согорува сите илузии“

Тајмс оф Лондон

-------

„Работата на Бајрон Кејти е голем благослов за нашата планета. Коренот на страдањето е во поистоветувањето со нашите мисли, ‘приказните’ кои постојано „трчаат“ низ нашите умови. Работата делува како остар меч, кој сече низ таа илузија и ти овозможува самиот да ја дознаеш безвременската суштина на твоето битие. Радост, мир и љубов произлегуваат од тоа како твојата природна состојба.“

Екарт Толе
автор на книгата Моќта на сегашниот миг

-------

„Бајрон Кејти е една од вистинските големи и инспиративни учители на нашето време. Таа ми беше од голема помош мене лично. Ја сакам оваа многу мудра жена.“

Dr. Wayne W. Dyer
aвтор на книгата Inspiration (Инспирација)

-------

Во писмо од Хелсинки, Финска, Ј.В. пишува:

„...двајца револуционерни научници на полето на синдромот на болки од Универзитетот во Станфорд го сметаат приодот на Бајрон Кејти како најдобра форма на Когнитивна терапија. Во новото ревидирано 5-то издание на A Headache in the Pelvis (Главоболка во пелвисот) (стр. 326-330), кое излезе во мај 2008 год., психологот д-р Дејвид Вајс и урологот д-р Родни Андерсон од Станфорд, се осврнуваат на Рационалната емотивна терапија на Алберт Елис и когнитивната терапија на Арон Бек, а потоа пишуваат (курзивот е нивен): ‘Работата на Бајрон Кејти, според наше мислење, ја нуди најдобрата форма на когнитивна терапија, која обезбедува пристап за успокојување на катастрофалното мислење, со помош на процес кој човек самиот може да го направи. Ова е пристапот кој ние го препорачуваме.’ Тие тогаш ја опишуваат процедурата, додавајки: 'Нашето опишување на овој процес ретко кога да е доволно за да се стане умешен во него. Ние го дискутираме овој метод во нашите месечни 6-дневни клиники. Специфична информација за оваа когнитивна терпевтска работа може да се најде на thework.com и во книгите на Бајрон Кејти.“

-------

„Учењата на Бајрон Кејти и секојдневниот живот се чиста мудрост. Нејзината Работа ни го покажува патот до душевниот мир и таа нé насочува таму бестрашно, неумоливо и со крајна великодушност. Ретко сум видел некого – вклучувајќи ги и духовните учители – кој отелотворува мудрост толку моќна, како што тоа го прави Кејти со нејзиното страстно прифаќање на секој момент.“

Роши Берни Гласман

-------

„Работата на Кејти е прекрасно, трансформативно вежбање за секого кој е заинтересиран во духовниот растеж.“

Лама Сурја Дас
Автор на книгата Awakening the Buddha Within (Будењето на Буда одвнатре)

-------

„Добри Боже! Од каде дојде Бајрон Кејти? Таа е автентична. Нејзината Работа е зачудувачки ефективна – едноставен и директен противотров за страдањето кое непотребно го создаваме во нашите животи. Таа не бара од нас да веруваме во ништо, но обезбедува изненадувачки ефективен и едноставен начин да го пробиеме патот низ заплетканото клупче лаги во кое сме се завиткале себеси.“

Давид Чадвик
Автор на книгата, Crooked Cucumber: The Life and Zen Teaching of Shunryu Suzuki (Крива краставица: Животот и Зен учењето на Шинрају Сузуки)

-------

„Замисли дека можеш да најдеш едноставен начин за да го прифатиш сопствениот живот со радост, да престанеш да се расправаш со стварноста и да се здобиеш со спокојство во средина на хаос. Тоа е што книгата Да се сака тоа што е го нуди. Тоа е револуционерен начин за да го живееш животот. Прашањето е: дали сме доволно храбри за да го прифатиме?“

Ерика Јонг

авторка на книгата Страв од летањето

-------


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

     

thework.com      Приватност и правна изјава
© 2018 Byron Katie International, Inc. All rights reserved.