Кој би бил ти без твојата приказна?

РАБОТАТА на Македонски

ВОВЕД

Работата (The Work) на Бајрон Кејти е начин да се препознаат и преиспитаат мислите кои го предизвикуваат сето страдање во светот. Таа е начин да се најде мир во себеси и во светот. Секој со отворен ум може да ја прави оваа Работа.

Бајрон Кејтлин Рид стана тешко депресивна во нејзините триесетти години. Во текот на десетгодишен период нејзината депресија се продлабочи и во последните две години, Кејти (како што ја нарекуваат) ретко кога беше во состојба да ја напушти нејзината спална соба. Тогаш едно утро, од длабочините на очајот таа доживеа сознание кое и го промени животот.

Кејти виде дека кога веруваше во нејзините мисли – таа страдаше а дека кога не веруваше во мислитe – таа не страдаше. Тоа што ја предизвикуваше нејзината депресија не беше светот околу неа, туку тоа што таа го веруваше за светот околу неа. Во еден миговен увид, таа согледа дека нашиот обид да најдеме среќа беше назадечки – наместо безнадежно обидувајќи се да го промениме светот за да одговара на нашите мисли за тоа каков “треба” да биде тој, ние можеме да ги преиспитаме овие мисли и пресретнувајќи ја стварноста таква каква што е, да доживееме незамислива слобода и радост. Како резултат на тоа, една суицидална жена, врзана за креветот се исполни со љубов за сé што носи животот.

Продолжи >> Работата на Бајрон Кејти: Вовед

thework.com
byronkatie.com